Браун колач.

Браун колач

Прекрасниот браун колач го направи нашата пријателка од блогот Trydiani од Бугарија, а ние не можевме да му одолееме и со големо воодушевување го споделуваме со вас. Одлично се вклопува со шолја утринско кафе, како десерт после лесна вечера, а исто така може да ви послужи како фантастична викенд идеја за заблажување. Погледнете како може да го направите.

Браун колач

Состојки:

  • 125 гр путер
  • 1 чаша шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр темно чоколадо
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица какао
  • 1 чаша брашно
  • малку сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 60 мл кафе еспресо
  • 60 мл кокосово млеко
  • 30 гр кокос.

За глазура:

  • 80 мл течна слатка павлака
  • 1 лажица кокос
  • 1 лажица шеќер
  • 50 гр црно чоколадо

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени.
  2. Земете тава со димензии 20х20 см и покријте ја со хартија за печење.
  3. Во сад, на тивок оган се ставете ги прво путерот со шеќерот, а потоа додајте и кафето, косовото млеко, кокосот, какаото и чоколадото.
  4. Смесата измешајте ја за убаво да се изедначи. Садот тргнете го од огнот и оставете го неколку минути за да се излади.
  5. Јајцата ставете ги во сад за матење и изматете ги со миксер. Во одделен сад измешајте ги брашното со прашокот за печиво, солта, циметот, па додајте ги во претходно изматените јајца. Измешајте убаво со лажица за да постигне хомогеност.
  6. Колачот печете го околу 25 минути во претходно загреаната рерна на 175 степени.
  7. На крај подгответе ја глазурата. Во сад на оган ставете ја слатката павлака да зоврие заедно со шеќерот и кокосот. Потоа, садот тргнете го од оган и со постојано мешање додајте го ситно сечканото чоколадо.
  8. Со добиената глазура се прелива изладениот колач, па се остава неколку часа да се впие и излади, а потоа може да се сервира.

Сподели: