Брза домашна супа со мелено месо 1

Брза домашна супа со мелено месо

Кога сакате превкусна домашна супа и да биде зачинета со „мевце“ ви предлагаме да го пробате рецептот за брза домашна супа со мелено месо. Има полн вкус, кој сигурно ќе ги задоволи вашите вкусни очекувања!

Нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone, ја направи и ни потврди дека е одлична за целото семејство. Уживајте во секоја голтка!

Брза домашна супа со мелено месо 2

Состојки:

  • 1 помала главица кромид
  • 100 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 1 поголем домат (или 1 чаша сок од домат)
  • 1 чешне лук
  • сол, црн пипер во зрно
  • коцка за супа
  • малку сечкан магдонос
  • тестенини за супа по потреба.

Подготовка:

  1. Во малку масло запршете го ситно сечканиот кромид. Кога ќе се запржи додајте го меленото месо и морковот исечен на коцки, па се заедно кратко динстајте.
  2. Сврлете 1 литар вода и во неа додајте ја коцката за супа, ситно исечканото чешне лук, доматот, неколку зрна од црниот пипер и посолете по вкус.
  3. Варете околу 20 мунути додека зеленчукот омекне.
  4. На крајот од готвењето испасирајте го доматот и вратете го во супата, или додајте чаша сок од домат.
  5. Тестениите сварете ги според упатството и додајте ги во супата при крајот на варењето.
  6. Магдоносот ситно исечкајте го и додавајте по малку во секоја чинија, непосредно пред сервирање.

На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  Домашна пилешка супа со зеленчук.

Сподели: