интергална пита со сирење

Брза интегрална пита со маслинки и сирење

Еве супер рецепт за сите љубители на пити кои се прават без месење. Ем се штеди време, ем месењето не е омилена кујнска работа. А штом станува збор за интегрална пита направена со маслинки и сирење, тоа е полн погодок.

Рецептот е испробан во кујната на Клара, па штом ви се најават гости, не двоумете се да ја пробате.

интегрална пита со маслинки и сирење

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 150 мл масло
  • 130-150 гр сирење
  • 120 гр сaлама (по желба)
  • 13 до 15 маслинки (или по желба и повеќе)
  • 260 гр интегрално брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • сол и прстофат шеќер
  • 2 варени (недоварени) јајца за декорација и малку сусам.

Подготовка:

  1. Варените јајца исечете ги на кругови.
  2. Сирењето издробете го со виљушка или изрендајте го. Саламата и маслинките ситно исечкајте ги.
  3. Во длабок сад за матење ставете ги јајцата. Со жица за матење изматете ги јајцата со прстофат шеќер.
  4. Потоа ставете ги млекото и маслото, и измешајте со жицата.
  5. Во садот додајте ги дробеното сирење, саламата и сечканите маслинки.
  6. Во чинија измешајте ги брашното, прашокот за печивото и малку сол по вкус.  Додајте ги во смесата.
  7. Во намрсен плех со димензии 20х30 (во мојот случај 20х35) ставете хартија за печење.  Истурете ја смесата и израмнете. Одозгора ставете ги исечените варените јајца и поросете со сусам.
  8. Печете на 200 степени додека питата убаво порумени одозгора. Печената интегрална пита со маслинки и сирење послужете ја топла. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Здрава интегрална пица Маргарита.

Сподели: