Брза пита од лиснато тесто со тиква 1

Брза пита од лиснато тесто со тиква

Овој рецепт за брза пита од лиснато тесто е комбинација на вкусови за уживање! Несекојдневен е кога ќе го видите резултатот, но затоа и неверојатно е уживањето кога се јаде! Уште едно неодоливо нешто од кујната на Невена!

И честитаме на Невена за креативноста, а за вкусот, што да кажеме, секој рецепт своја приказна, мора да пробате за да знаете. Тиквата е главна во филот, дава кремаста структура и неизмерно задоволство при џвакањето. грашокот пак, ја прави прекрасна на лик и го збогатува вкусот. Како и да е, најлесно ќе не разберете ако питава си ја направите дома и го изненадите семејството. Еве го рецептот.

Брза пита од лиснато тесто со тиква 2

Состојки:

  • 1 лист готово лиснато тесто
  • 400 гр тиква
  • 40 гр грашок
  • 1 јајце
  • 100 гр павлака
  • 1/2 лажиче сол
  • 30 гр путер
  • 150 мл вода.

Подготовка:

  1. Тиквата исечете ја на помали коцки и ставете ја да се динста со водата и путерот додека омекне и течноста испари.
  2. Оставете ја да олади.
  3. Во сад изматете го јајцето и павлаката, додадете ја оладената тиква, грашокот и солта и се заедно измешајте.
  4. Лиснатото тесто ставете го во тавче (26) обложено со хартија, избоцкајте го со вилушка и ставете ја подготвената смеса.
  5. Се печи во претходно загреана рерна на 200 С 30-40 мин.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен зелник со тиква.

Сподели: