Брза пита со праз, сирење и карфиол - без глутен

Брза пита со праз, сирење и карфиол – без глутен

Не пропуштајте да го пробате нашиот несекојдневен рецепт за брза пита со праз! Здраво и вкусно јадење кое може да го уживаат и оние кои се интолерантни на глутен, а исто така и сите кои внимаваат на својата линија и телесното здравје. Директно од нашата кујна, навистина лесно и уште повеќе брзо за подготовка! 

Одлична е како предјадење или лесна вечера. Може да ја јадат и вегетаријанци и алергични на глутен, сите кои сакаат да ослабат или едноставно го негуваат своето здравје. Празот е вкусен и хранлив зеленчук кој припаѓа на групата нискокалорични зеленчуци и содржи 90% вода или само 31 калорија во 100 грама. Тој е зеленчук кој вреди да се консумира почесто и пожелно е да сте запознаени со неговите здравствени карактеристики, како и придобивките кои придонесуваат за празот да му овозможува на нашиот организам силен имунитет и долг живот. Повелете линк со корисни информации за празот.

Брза пита со праз, сирење и карфиол - без глутен

Состојки:

  • 1 страк праз со средна големина
  • 100 гр бело сирење
  • 100 гр изварка (урда)
  • 1 грст цветови од карфиол
  • 2 моркови
  • 4 јајца
  • 4-5 лажици пченкарно брашно
  • 1 филџан ориз (200 мл количина)
  • 150 мл оризова вода
  • 1 лажица црн пипер
  • 1/2 лажиче сол.

Подготовка:

  1. Најпрво излупете го празот, измијте го и ситно исечкајте го. Доколку сакате да не се чувствува многу неговиот мирис, ви препорачуваме малку да го запржите.
  2. Оризот ставете го во вода малку да се подвари. Количината на вода не мора да ја мерите најпрецизно бидејќи оризот вие потребен исцеден, а потоа и малку од оризовата вода.
  3. Карфиолот измијте го и исечкајте го на поситни цветови.
  4. Морковите измијте ги и изрендајте ги. Сирењето изрендајте го исто така.
  5. Во поголем сад ставете го исечканиот праз (кој по желба може да е запржен), исцедениот ориз, додајте ги јајцата, ренданите моркови и сирење, изварка, исечканиот карфиол, 150 мл од водата во која се варел оризот, пченкарното брашно и зачинете со сол и црн пипер.
  6. Смесата убаво измешајте ја и ставете ја да се печи околу 30 минити, во претходно загреана рерна на 200 степени.

Вака припремената брза пита со праз има многу интересен вкус кој се добива од уникатната комбинација на состојките. Може да ја сервирате со чаша јогурт или павлака, а вкусна е и кога е топла и кога е ладна. На здравје!

Сподели: