Брза посна торта со мармалад и ореви

Посните торти се предизвик за многу љубители на благото, па секогаш се бара добар рецепт кој ќе може секој да го направи, а ќе биде успешен и вкусен за јадење. Толку ваков рецепт за брза посна торта со мармалад и ореви ни испрати Катерина.

Сигурни сме дека ќе ви се допадне, затоа што оваа торта освен што е брза за правење, побрза е за јадење. Па ајде во кујната.

брза посна торта со мармалад и ореви

Состојки:

  • 1 шолја (200 гр) шеќер
  • ½ шолја мармалад по желба (мешан мармалад, сливи, кајсии…)
  • 2 шолји млака вода
  • 1 шолја масло
  • 3 шолји брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 филџан сечкани ореви
  • шеќер во прав за посипување.

Подготовка:

  1. Оревите ситно исечкајте ги.
  2. Брашното пресејте го со сито.
  3. Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, содата бикарбона, ванилиниот шеќер и измешајте ги со жица за матење.
  4. Во садот додајте ги мармаладот, млаката вода, маслото и сечканите ореви, и добро измешајте ги состојките со жицата за матење за да се добие хомогена смеса.
  5. Смесата ставете ја во намрсена и набрашнета кружна тава и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени. Повремено вадете ја од тавата и проверувајте дали тортата е печена, со помош на дрвена чепкалка.
  6. Испечената посна торта со мармалад оставете ја да се излади, а потоа исечете ја на парчиња и наросете ја со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Брза посна торта со кокос и портокал. 

Сподели: