Брускети со домати и босилек

Брзи домашни брускети со домати и босилек

Многу брзо и уште повеќе лесно за подготовка! За домашно кино или дружење и долги разговори со пријателите, за роденденот на вашите деца или за убави моменти во било кој ден, пробајте ги нашите домашни брускети со домати и босилек. Едноставно мезе за сите кои знаат да уживаат и да се забавуваат!

Брускети со домати и босилек

Состојки:

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1 см.
  2. Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло, па наросете ги со оригано, сол и лук во прав, а потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреaна рерна на 200 степени за време од 15 минути.
  3. Извадете ја тавата и оставете парчињата леб за домашни брускети да се изладат.
  4. Во меѓувреме доматите исечкајте ги на коцки, а босилекот ситно исечкајте го.
  5. Во чинија ставете ги доматите и босилекот, а потоа измешајте ги.
  6. Врз изладените парчиња леб ставете од исечканите домати и послужете се со превкусните домашни брускети.

Зависно од поводот кој ве мотивирал да ги направите, а секако и од возраста на дегустаторите, по желба ви предлагаме да наздравите со чаша вино и потполно да се препуштите на крцкавото задоволство!

Сподели: