Брзи кокосовки

Брзи кокосовки

Овие колачи се прават навистина брзо и лесно, па ги нарековме брзи кокосовки. Суви се и крцкави, одлични за заблажување и честење на гости и домашните.

Превкусни се, во тоа сме сигурни, а наша сугестија би била наросените кокосовки со шеќер во прав да ги сместите во хартиени корпички за да може да уживате во нив без да страхувате дека ќе се наросите вие или просторијата во која се наоѓате.

Брзи кокосовки

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 250 гр маргарин
  • 4 лажици шеќер
  • 1 филџан толчени или мелени ореви
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр кокос
  • кора од лимон.

Подготовка:

  1. Во поголем сад, најпрво изматете ги маргаринот и шеќерот со миксер. За матењето да биде полесно маргаринот оставете го на собна температура.
  2.  Во садот додајте ги и брашното, оревите, ванилиниот шеќер, кокосот и изрендајте ја кората од лимонот, кој претходно убаво сте го измиле.
  3. Од добро измесеното тесто направете бомбици со големина на јајце и наредете ги во претходно намрсен плех, а по желба направете кора и извадете различни форми.
  4. За да не испукаат печете ги на пониска температура од 140-150 степени додека заруменат.
  5. Печените кокосовки тркалајте ги во шеќер во прав и сервирајте ги.

На здравје!

Ви препорачуваме да го погледнете и рецептот за ванилици со мармалад.

Сподели: