Брзи крокети од леб 1

Брзи крокети од леб

Многу едноставно и полесно здравје! Ако не знаете како набрзина да се снајдете и да се почестите со нешто обично, а сепак интересно, време е да ги пробате супер брзото мезе крокети од леб. Не е чудо од специјалитет, но вреди да се проба пријатели!

Скоро и да нема дом во кој повремено не заостанува по малку леб. Кога ќе стане бајат, никој не сака да го јаде. Искористете го и брзо и лесно направете мезе. Идејата за рецептот ја најдовме на блогот Kuhinjica-Mignone на нашата пријателка Лана.

Брзи крокети од леб 2

Состојки:

  • средина од стар леб
  • млеко по потреба
  • 2 јајца
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво изронете ја средината од стариот леб, а потоа потопете ја во млеко или вода.
  2. Добро исцедете ја средината, па измешајте ја со претходно изматените јајца.
  3. Со помош на лажица или со раце, обликувајте мали форми на крокети и пржете ги во загреано масло додека се „зацрвенат“ од двете страни.
  4. Готовите мезе крокети од леб извадете ги врз кујнска хартија и послужете ги додека се топли. Најубаво се вклопуваат со кисело млеко или малку сирење, а по желба може да ги направите во слатка варијанта и да ги посипете во малку шеќер или ванилин шеќер.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи тост лепчиња – гратинирани.

Сподели: