Брзи крцкави гризини со пиво 1

Брзи крцкави гризини со пиво

Време е за вкусна крцкава авантура со друштвото! Одберете ги најдобрите филмски наслови за опуштено попладне и препуштете се на уживањето! Викенд шема или работен ден, не е важно, фантастичниве брзи крцкави гризини со пиво се добар избор за било кој ден!

Ако редовно не следите знаете дека се што ни препорачува нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone е иделно вкусно и многу симпатично за очи. Денес им е ред на овие крцкави гризини, па да ги направиме и пробаме пријатели!

Брзи крцкави гризини со пиво 2

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 жолчка
  • 200 мл масло
  • 200 мл темно пиво
  • околу 100 гр сусам или печени и мелени кикиритки
  • 1 белка од јајце за премачкување.

Подготовка:

  1. Во длоабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта (по желба можете да додадете и лажичка од омилените суви зачини, ситна црвена пипер, оригано, ким итн.)
  2. Во садот додајте ја жолчката, маслото, пивото и замесете мазно тесто. По потреба додајте уште малку брашно.
  3. Оформете добро измесена топка и оставете ја да одмори околу 10 минути.
  4. Тестото истегнете го во правоаголна кора и премачкајте го со изматената белка, па посипете во обилна количина сусам или мелени кикири, а по желба може и нарендан кашкавал.
  5. Потоа исечете ја кората на ленти со ширина од 1,5 см и секоја од нив, спирално завиткајте ја. Можете да ги правите подолги или да ги пречесете лентичките уште еднаш на половина и да бидат пократки, зависно од вашата желба како сакате да изгледаат стапчињата/гризините.
  6. Наредете ги врз плех послан со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 20-тина минути.
  7. Печените брзи крцкави гризини со пиво префлете ги во рамна чинија или друг рамен сад за да се изладат.

Доколку сакате можете да ги направите и во посна варијанта, односно да го изоставите јајцето, а во тој случај премачкајте ги со вода за да може да се залепат семињата. Пријатно грицкање!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави солени стапчиња со зачини.

Сподели: