Брзи тиганици

Брзи тиганици

По рецептот на нашите мајки и баби, испробан и многу вкусен оброк кој им се допаѓал на сите дома, независно од возраста. Рецептот за нашите брзи тиганици е потврдено добар, а одлично се надополнува со чаша јогурт или кисело млеко.

Вкусни се и кога се јадат и наредниот ден, дури и поубави. Можете да ги припремите за појадок за дома или да ги понесете со себе на работа или на некоја убава прошетка. Направете ги и гостете им се некое убаво утро или друга погодна прилика!

Брзи тиганици

Состојки:

  • 800 гр брашно
  • 400 мл јогурт
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • сол по вкус
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Брашното, јогуртот, печивото, јајцата и сол по вкус ставете ги во поголем сад и замесете тесто. Тестото е готово кога добро се измеси и не се лепи за рацете.
  2. Садот во кој сте го меселе тестото, покријте го со најлонска фолија за да фати кора на површината, а потоа оставете го да одмори околу 5 минути.
  3. Откако одморило, од тестото расукајте кора со дебелина од еден сантиметар и направете форми со големина по желба.
  4. Брзите тиганици се пржат во поголема количина на загреано масло додека поруменат.

На здравје!

Рецептот го испратил: Сузана Ѓорѓиевска.

Сподели: