Уштипци од туна и ориз

Брзи уштипци од туна и ориз

Ако сакате превкусно и многу брзо мезе кое се прави баш лесно, треба да ги пробате нашите уштипци од туна и ориз. Целото наше друштво ги одобри, а среќни сме што и мажите и жените реагираа подеднакво позитивно на нивниот вкус. Рецептот доаѓа од нашата кујна, а ние задоволни од него топло ви препорачуваме да го пробате.

Уштипци од туна и ориз

Состојки:

  • 150 гр туна
  • 150 гр ориз
  • 100 гр рендано сирење
  • 2 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 3 чешниња лук
  • китка свеж магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Подготовката започнува со оризот. Најпрво сварете го и исплакнете го со ладна вода, а потоа исцедете го од течноста. Тука може да погледнете совет како сварите совршен ориз.
  2. Во поголем сад ставете го исцедениот ориз, ситно сечканата туна и ситно сечканиот лук, ренданото сирење, јајцата и брашното.
  3. Додајте сол и црн пипер во количина според вашиот вкус. Ние обично додаваме убава китка магдонос, па за него ви предлагаме количината да ја прилагодите како што вие сакате.
  4. Смесата убаво измешајте ја со помош на лажица. Откако ќе биде добро измешана и состојките соединети, наполнете ја лажицата со неа и ставете да се пржи во загреано масло.
  5. Уштипците пржете ги од двете страни додека поруменат. Потоа извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.

На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печени ќофтиња со тиквички и туна.

Сподели: