брзо лепче со ржано брашно

Брзо лепче со ржано брашно

Талентираната Лидија не почести со својот рецепт за една поздрава варијанта на леб богат со хранливи материи. Ова брзо лепче можете да го правите со ржано интегрално или друго брашно по избор. Одлично е уште додека е топло, нема да можете да одолеете! 

Ржаното интегрално брашно богато со витамини, минерали и растителни влакна. Бидејќи се прави од цело зрно, претставува здрав избор на брашно кое во својот состав ги содржи сите корисни состојки на лушпата од зрната. Ржаното брашно е корисно за зајакнување на имунитетот на организмот, како и за одржување на нивото на железо во крвта.

брзо лепче со ржано брашно

Состојки:

  • 12 гр свеж квасец
  • 200 мл млако млеко
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица масло
  • околу 300 гр ржано интегрално брашно (а по желба да додадете и друго).

Подготовка:

  1. Во поголем сад се ставаат квасецот и млакото млеко, малку се промешува и се остава квасецот да се растопи.
  2. Постепено се додаваат солта, маслото и брашното, а потоа кратко се меси да се формира тесто.
  3. Тестото се става во тава или калап со големина 24, кој претходно треба да е обложен со мрсна хартија за печење.
  4. Тестото убаво се притиска во калапот, а потоа се боцка со вилушка. Се наросува со брашно и се остава околу еден час за да нарасне.
  5. Се пече во претходно загреана рерна на 250 степени, а кога ќе го ставите лепчето намалете ја температурата на 225 степени и печете околу 15 минути.

Ржаното брзо лепче е готово и спремно за дегустација. Го обожаваат и најмалите, веќе проверивме!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска

Сподели: