полнети шампињони

Брзо мезе – полнети шампињони

Може да се каже дека припремата на овој специјалитет е повеќе идеја отколку што е рецепт. Печурките се одлично мезе, а посебно кога станува збор за разни летни забави и дружби, полнети шампињони се секогаш добра идеја за разладување со ладно пиво и потполно уживање.

Постојат бројни рецепти за полнети шампињони, а рецептот кој го најдовме на блогот Кuhinjica mignone е испробано вкусен, па ви предлагаме да го пробате и вие.

Полнети шампињони

Состојки:

  • шампињони
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • мелено месо или ситно сечкан колбас
  • зеленчук (грашок, пченка, морков или друго по желба)
  • црн пипер и сол по вкус
  • рамна лажичка црвена пипер
  • 1 јајце
  • рендан пармезан
  • малку масло.

Подготовка:

  1. Најпрво отстранете дршките од шампињоните, па ситно исечкај ги.
  2. Во тава со малку масло пропжете го сечканиот кромид, додајте ги дршките и заедно кратко динстајте ги.
  3. Додајте мелено месо или ситно сечкан колбас во количина по желба.
  4. Потоа додајте го зеленчукот и сите зачини. Убаво измешајте и оставете да се излади, па додајте го јајцето за добро да се поврзи смесата.
  5. Издлабените печурки наполнете ги со смесата, поросете ги со пармезан и малку масло, па кратко печете ги на 180-100 степени.

Мезето е спремно. Поканете пријатели и уживајте заедно во некоја домашна летна бавча дегустирајќи полнети шампињони и ладен пијалак за освежување. На здравје!

Сподели: