Брзо јадење од ќофтиња во црвен ориз.

Брзо јадење од ќофтиња во црвен ориз

Ако обожавате ќофтиња од месо, сигурно ќе ви се допадне оваа идеја! Вака правеле нашите баби, па ако ви се случило да ви останат неколку ќофтенца од ручекот, многу брзо и лесно можете да направите ново јадење кое ќе им се допадне на сите дома. Овој прекрасен рецепт за ќофтиња во црвен ориз се прави традиционално во многу македонски краеви, а ние го најдовме припремен од нашата пријателка Лана, на нејзината страна Kuhinjica mignone.

Брзо јадење од ќофтиња во црвен ориз

Состојки:

  • пржени ќофтиња од месо (доколку немате направете сами од смесата подолу)
  • 2 филџани ориз
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка ситна црвена пипер
  • малку сок од домат или сечкан домат
  • сечкан магдонос.

Смеса за ќофтиња:

  • 200 гр мелено месо (свинско, пилешко, мешавина по избор)
  • 1 поголемо парче бајат леб
  • малку млеко или вода
  • 1 јајце
  • сол
  • црн пипер
  • малку брашно.

Подготовка:

  1. Најпрво припремете ја смесата за ќофтињата. Лебот натопете го со вода или млеко и исцедете го. Измешајте го меленото месо и лебот, а потоа додајте го и јајцето, посолете и наросете со црн пипер. Направете ги ќофтињата во тркалезна форма и нежно притиснете со рака. Посипете ги со брашно од двете страни за да добијат крцкава кора после пржењето.
  2. Кромидот исечете го на долги кришки или ситни коцки и малку пропржете го.
  3. Додајте го исчистениот и измиен ориз и турете 2 шолји вода. Посолете по вкус и варете 10-тина минути додека оризот не биде до половина готов.
  4. Додајте ја ситната црвена пипер и малку сок од домат (или ситно сечкан домат).
  5. Претходно припремените ќофтиња од месо, наредете ги во оризот и ставете го јадењето да се печи на 180-200 степени околу 15-20 минути или додека испари скоро целата течност. Сервирајте декорирано со малку свеж и сечкан магдонос. На здравје!

Сподели: