Брз намаз од туна и компири 1

Брз намаз од туна и компири

Наместо да ја јадеме како секој ден, може да ја претвориме во многу симпатичен оброк! Вкусот на овој намаз од туна и компири е интересен и одличен за размрдување на дегустативните сетила.

Компирите му овозможуваат кремаста структура, а зачините и рибата полн вкус. Дополнете и декорирајте по желба, време е за ново уживање!

Брз намаз од туна и компири 2

Состојки:

За намаз:

За декорација:

  • варено јајце домати, краставица, маслинки…
  • леб по потреба.

Подготовка:

  1. Компирите ставете ги да се варат со се лушпа, а откако ќе се изладат излупете ги и изрендајте ги или изгмечете ги со алатка за пире.
  2. Излупените и иситнети компири ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки -туната, инчуните, капарите и магдоносот. Изблендирајте ги за да се добие мазна изедначена смеса и додајте сол по вкус, а може и без да додадете тоа зависи од вашите навики за сол.
  3. Добиениот намаз ставете го во сад, покријте го и оставете го во фрижидер убаво да се излади и да се спојат вкусовите.
  4. Откако малку ќе отстои намачкајте мали парчиња леб и декорирајте ги по желба со варено јајце, маслинки, краставички и сл.
  5. Овој рибен намаз навистина е вкусен и најмногу ни одговараше со додаток на вареното јајце. На здравје!

Рецептот го испратил:  Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Намаз од домати и модри патлиџани.

Сподели: