Брз овошен колач со јагоди 1

Брз овошен колач со јагоди

Пробајте го овој едноставен и брз овошен колач со јагоди кој одлично оди со чајче или кафе. Изгледа убаво и примамливо, совршен за вкусно дружење и слатки паузи!

Кога ќе го пробате овошниов колач со јагоди верувајте дека ќе посакате уште едно парче. Ете толку е вкусен. Од само неколку состојки ќе креирате вкусна фантазија која се јаде. Уживајте и сладете се.

ovosen kolac so jagodi 2

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 120 гр брашно
  • 60 гр густин
  • 70 мл масло
  • 1/2 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 100 гр јагоди.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги пенесто, а со нив матете ги и шеќерот и ванилата.
  2. Со постојано матење додајте го маслото.
  3. Измешајте ги брашното, густинот и прашокот за печиво и постепено додајте ги во изматената смеса.
  4. Смесата убаво измешајте ја со помош на кујнска жица.
  5. Истурете ја смесата во тркалезен калап, а потоа одозгора наредете ги јагодите исечени на четвртинки.
  6. Колачот печете го на 180 степени за време од околу 30 минути.
  7. Испечениот колач оставете да се излади, а потоа посипете го со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Може да ве интересира рецепт за мафини со јагоди или мафини со чоколадо и јагоди.

Сподели: