рецепт за печен карфиол

Брз рецепт за печен карфиол со пармезан

Лесните и едноставните рецепти ги обожаваме! А еве еден рецепт за печен карфиол со пармезан, кој се прави за 5 минути и со неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната.

Ретко кој може да си дозволи да поминува по 2 до 3 часа во кујната за подготовка на јадења. Сите сакаме да направиме нешто на брзинка, но тоа да биде вкусно, а и здраво. Па, друштво запишете го или испечатете го овој рецепт и додајте го во вашата листата на брзи и здрави јадења.

печен карфиол

Состојки:

  • 1 главица карфиол
  • 2 до 3 чешниња лук, излупени и ситно исечкани
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон (или околу половина лимон)
  • маслиново масло
  • сол и свежо мелен црн пипер
  • рендан пармезан по желба.

Подготовка:

  1. Рерната пуштете ја да се загрее на 205 степени. Тавата за печење, намрсете ја или обложете ја со хартија за печење.
  2. Карфиолот исечете го на цветови и ставете го длабок сад. Во садот додајте ги исчеканиот лук и сокот од лимон, и измешајте. Потоа, додајте маслиново масло и повторно добро измешајте.
  3. Распоредете ги цветовите од карфиол во еден ред во тавата за печење. Зачинете ги со сол и црн пипер. Штом рерната се загрее, ставете ја тавата со карфиолот да се пече.
  4. Печете за време од 25 до 30 минути, или додека карфиолот порумени. За да бидете сигурни дека карфиолот е печен, направете тест со виљушка. Штом малечките цветови лесно се одделуваат при сечкање со виљушката, тогаш карфиолот може да се јаде.
  5. По желба, карфиолот поросете го со пармезан. Печениот карфиол со пармезан послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Зачинет печен карфиол во фурна.

Сподели: