Брусница – сојузник во борба против 6 болести

Скапоценото вкусно овошје наречено брусница, потекнува од Северна Америка и е намирница која е повеќекратно корисна за нашето здравје. Благодарение на многубројните корисни материи кои ги има во својот состав, а го штитат организмот од разни болести, ова овошје е во центар на вниманието на експертите ангажирани во областа на храната и здравјето.

Брусница - сојузник во борба против болести

Брусницата е позната по тоа што често е дел од празничните трпези во САД, а одлично е што сега ја има и насекаде кај нас. Иако потекнува од северноамериканскиот континент, брусницата се одгледува и на континентална клима. Плодот има горко-кисел вкус и расте грмушесто со висина од околу 25 см. Плодовите се богати со бројни минерали, посебно калиум и витамините А и Ц.

Некои од драгоцените хранливи состојки се задржуваат и при преработките во џемови, сокови, пити и слатки, но секако најпожелно е да се консумира свежа или сушена, со цел организмот да ги користи што повеќе здравите материи и да не се внесуваат додадени шеќери или конзерванси.

6 корисни дејства на брусницата за здравјето

  1. Експертите утврдиле дека брусницата е посебно корисна против уринарни инфекции и благотворно влијае при лечење на простата.
  2. Простагландините се соединенија со кои брусницата е многу богата и тие се погубни за бактеријата ешерихија коли. Тоа значи оневозможува оваа бактерија да се „залепи“ на површинскиот слој на матката и мочниот меур.
  3. На сличен начин, материите кои ги содржи брусницата влијаат позитивно врз здравјето на усната шуплина и дејствуваат против наслаги на забите.
  4. Додека пак, бројни истражувања покажале дека материите наречени проантоцијани значително помагаат при сериозни заболувања како што е рак.
  5. Благодарение на способноста да блокира одредени оксидациски процеси, брусницата го чува срцето. Тоа посебно се потенцира од блокирањето на оксидацијата на липопротеините со ниска густина.
  6. Исто така, брусницата е добар сојузник во превенција од создавање на камен во бубрезите поради високата количина на кисели корисни материи кои ги содржи во својот состав.

Сподели: