варено вино со портокал

Варено вино со портокал, јаболко и цимет

Топлото варено вино е пијалакот кој ги симболизира ладните денови, зимата и снегот за кој што се најавува дека ќе заврне. Иако постојат многу различни рецепти кои деновиве се актуелни, овој пат ви претставуваме интересен рецепт за варено вино кое ќе ве воодушеви со својот прекрасен вкус.

Често може да се сретне под името греено вино, а е многу популарно низ Европа, посебно во Германија, Франција и Италија. Тоа е еден од највкусните пијалоци со пријатен мирис и арома на кои ретко кој може да одолее.

варено вино

Состојки:

  • 1 литар црвено вино (може суво или полу суво, какво ќе одберете вие)
  • 200 мл вода
  • 1 портокал (може и две мандарини)
  • 1 јаболко
  • 5 -7 лажици шеќер (по вкус)
  • малку цимет (на врв од лажиче).

Подготовка:

  1. Неизлупениот портокал и јаболко добро измијте ги и исечете ги на кругчиња или на коцки.
  2. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете ги виното, водата, сечканиот портокал, јаболкото, циметот и шеќерот.
  3. Повремено мешајте со лажица. Кога виното ќе зоврие, тргнете го тенџерето од огнот. Топлото варено вино со портокал, јаболко и цимет,  сервирајте во чаши, со неколку бадеми и суво грозје во нив.
  4. Остатокот од виното одржувајте го топло додека не биде подготвено за сервирање. Уживајте и топлете се во овие зимски денови. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Едноставнo подгответе домашно греено вино.

Сподели: