Вегански мајонез со индиски ореви

Одличен богат и исполнет вкус, а сите состојки се исклучиво растителни. Рецептот кој ви го предлагаме за да подготвите вегански мајонез е испробан и сигурно ќе го задоволи вашиот апетит, а исто така е поволен и корисен за целокупното здравје, здрав изглед на кожата, како и корисен за одржување на витка линија со многу помалку калории од обичниот мајонез.

Високото количество на протеини во составот на индиските ореви, како и доволното количесто на минералите железо и цинк, потврдува дека се супер избор за сите кои повеќе консумираат растителна храна или се вегетаријанци. Исто така, се богати со магнезиум, кој е важен за подобрување и зачувување на памтењето и го одложуваат губењето на меморијата со стареењето. Во комбинација со уште неколку состојки, благодарение на Диана, ќе имате можност да си дозволите дегустативно уживање во вегански мајонез.

Вегански мајонез со индиски ореви

Состојки:

  • 1 чаша непечени индиски ореви
  • 1 и 1/2 лажица сенф
  • малку мед
  • сок од еден лимон
  • околу 50 мл вода
  • околу 50 мл маслиново масло
  • хималајска сол.

Подготовка:

  1. Индиските ореви преку ноќ се оставаат во вода, а потоа се цедат од водата и се ставаат во блендер.
  2. Се додаваат и сенфот, медот, сокот од лимон, сол, малку масло и вода. Масло и вода се додаваат колку што е потребно за смесата да биде убава и хомогена.
  3. Смесата се блендира подолго време додека се добие убав мазен вегански мајонез.

Рецептот го испратил: Диана Мицевска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашен посен мајонез.

Сподели: