витамини од Б групата

Вегетаријански извори на витамините од Б комплексот

Нивното значење за организмот е многу големо. Помагаат за убава и сјајна коса, кожа и нокти, учествуваат во метаболизмот на хранливите состојки, важни се за имунитетот… Б витамините се растворливи во вода и не можат да се складираат во организмот. Затоа е неопходно секојдневно да се внесуваат преку исхраната. Во продолжение прочитајте кои се најдобрите вегетаријански извори на витамините од Б комплексот.

Витамин Б1

Овој витамин е познат како тиамин. Помага во метаболизмот на јаглените хидрати, производство на нови клетки, го штити имунитетот и нервниот систем. Тој е од суштинско значење за производството на енергија во организмот. Негов најдобар извор се:

  • интегралните житарици
  • пивскиот квасец
  • аспарагус
  • јаткастите плодови
  • мешунките.
вегетаријански извори на витамините од Б комплексот

Витамин Б2

Витаминот Б2, може да се најде под името рибофлавин. За него е карактеристично што е сојузник на здравјето на косата, кожата и ноктите, а го забавува и процесот на стареење. Тој помага во метаболизмот на масти, јаглени хидрати и протеини. Покрај тоа, помага во формирањето на црвените крвни клетки. Познат е како антиоксиданс и се бори против слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките и ДНА. Намирници кои се богати со овој витамин се:

  • спанаќот
  • печурките
  • пивскиот квасец
  • бадемите
  • интегралните житарици
  • брокулата
  • прокељот
  • млекото
  • јогуртот
  • јајца.

Витамин Б3

Витаминот Б3 уште се среќава под името ниацин. Тој има повеќе улоги во човековиот организам: помага во претворањето на храната во енергија, го подобрува варењето, превенира дијабетес и го намалува крвниот притисок. Одлични извори на витамин Б3 се:

  • боранијата
  • сувите кајсии
  • брокулата
  • доматите.

Витамин Б5

Дали сте слушнале за пантотенска киселина? Витаминот Б5 може да се најде и под ова име. Слично како и другите витамини од Б групата помага во претворањето на храната во енергија, ја разубавува кожата и допринесува за нејзиниот младешки изглед. Добри извори на витамин Б5 се:

  • киноа
  • печурки
  • авокадо.

Витамин Б6

Познат е како витамин кој го смирува нервниот систем, а се среќава под името пиридоксин. Тој го помага метаболизмот на протеините и учествува во производството на серотонинот, кој придонесува за здрав нервен систем и го регулира сонот. Покрај тоа, овој витамин има и антивоспалителни својства. Одличен извор на витамин Б6 се:

  • фстаците
  • млекото
  • сирењето
  • мешунките
  • спанаќот
  • бананите
  • сончогледовото семе
  • интегралните житарици.

Може да ве интересира: Недостатокот на витамин Б6 е погубен за здравјето, надоместете го со храната!

Витамин Б7

Овој витамин е познат како биотин. Неговата најважна улога е поттикнување на растот на клетките, па затоа се смета за сојузник на косата, кожата и ноктите. Покрај тоа е корисен и кај лицата со шеќерна болест затоа што им помага во регулирање на шеќерот. Добри извор на биотин се:

  • оревите и другите јаткасти плодови
  • компир
  • карфиол
  • млеко и млечни производи
  • јајца.

Витамин Б9

Може да се најде и под името фолна киселина, а важен е за синтеза на ДНА. Особено се препорачува за трудниците, како и за жените кои планираат бременост. Извори на овој витамин се:

  • печурки
  • боранија
  • грашок
  • морков
  • цвекло
  • магдонос
  • урми.

Дознајте повеќе која храна има фолна киселина (витамин Б9) и за што служи во организмот.

Витамин Б12

Витаминот Б12 познат е под името кобаламин. Тој помага за синтезата на хемоглобинот. Досега не е докажано дека се наоѓа во храната од растително потекло (освен во мали количини во специјално одгледувани печурки), па затоа на веганите им се препорачува да земаат суплементи. Најдобри извори на витамин Б12 се:

  • млеко и млечни производи
  • јајца.

Ви предлагаме да прочитате: 6 витамини кои се борат против стареење.

Сподели: