вегетаријански плескавици од зелка и блитва

Вегетаријански плескавици од зелка и блитва 

Направете промена на вашето денешно мени! Лесно и брзо пригответе вегетаријански плескавици од зелка и блитва. Обожаваме да дегутираме нови јадења, па така се роди идејата за овој рецепт. А ако немате блитва, слободно заменете ја со спанаќ.

Блитвата е зелјест зеленчук кој е многу сличен со спанаќот. Таа спаѓа во групата на ниско-калорични намирници и е богата со магнезиум, железо и витамините Б и Ц. Зелката е исто така многу здрав и лековит зеленчук, бидејќи содржи многу корисни витамини и минерали, а особено е богата со витамин Ц. Богата е и со железо, а содржи многу малку јагленихидрати. Од друга страна пак морковите содржат каротин и провитамин А кој ја штити слузницата и има силно антиоксидантно дејство и ги убива слободните радикали кои се причинители на тумор.
Затоа подгответе си ги овие здрави плескавици и израдувајте го семејството со вкусен ручек. Од наведената количина ќе добиете поголем број на плескавици, па количината на состојките може да ја намалите.

вегетаријански плескавици од зелка

Состојки:

  • ½ помала зелка, ситно исечкана
  • 4 средни моркови
  • 5 листови блитва
  • 4 страка млад кромид, ситно исечкани
  • ½ чаша брашно
  • 6 јајца
  • маслиново масло по потреба
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво темелно измијте го зеленчукот. Потоа исечкајте ги зелката, морковот, младиот кромид и блитвата на поситни парчиња. Морковот може и да се изренда.
  2. Во длабок сад измешајте ги зеленчуците со брашното и посолете по вкус.
  3. Во длабока чинија ставете ги јајцата. Изматете ги со виљушка.
  4. Изматените јајца додајте ги во садот со сечканиот зеленчук и брашното. Измешајте убаво додека добиете хомогена смеса. Доколку смесата е многу течна, додајте брашно по потреба.
  5. Во нелеплива тава на оган, ставете го маслиновото масло да се загрее. Од смесата со помош на лажица формирајте плескавици со иста големина и ставете ги да се пржат во загреаното масло.
  6. Пржете ги плескавиците додека потемнат на рабовите, за време 3 минути. Потоа, потоа превртете ги и пржете ги уште 3 минути и на другата страна.
  7. Вегетаријанските плескавици послужете ги со сос по желба.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански плескавици од спанаќ и маслинки.

Сподели: