варени компири 1

Вегетаријански прилог од варени компири со зачини

Посно, вегетаријанско и без глутен! Ако сте љубител на едноставни и брзи рецепти, ви предлагаме да го пробате овој прилог од варени компири со зачини. И се заблагодаруваме на Катерина за одличниот рецепт кој лесно се припрема, а е идеален за време на пости, за сите кои сакаат да се хранат здраво, за лица кои практикуваат вегетаријанска исхрана или исхрана без глутен.

Прилогот од варени компири по желба може да го послужите со парче месо.

варени компири

Состојки:

  • 500-600 грама компири
  • 1 мал страк (само зелениот дел) праз
  • 1 помал морков
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици соја сос
  • 1 гранче рузмарин
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • ½ мала лажичка копар
  • ½ мала лажичка чили во прав
  • по потреба масло, сол, црн пипер.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги, исечете ги на покрупни коцки и ставете ги во тенџере со вода да се варат. Техниката за најбрзо варење на компири прочитајте ја тука.
  2. Празот и лукот ситно исечкајте ги, а морковот изрендајте го.
  3. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загрееното масло додајте ги ситно сечканиот праз, сецканото лукче и ренданиот морков. Пропржете го зеленчукот, а потоа додајте го соја сосот.
    Пржете додека зеленчуците убаво омекнат.
  4. Во друга тава ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло пропржете ги сварените компири. Откако компирите ќе фатат коричка префрлете ги во тавата со празот и морковот.
  5. Потоа, во тавата со компири и праз додајте ги ситно сечканиот магдонос, рузмарин, копарот и зачинете со чили по вкус. На крај, посолете, наросете мелен црн пипер и убаво измешајте. Прилогот од варени компири послужете го со месо, по желба.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: