Велигденски јајца како галаксија 1

Велигденски јајца како галаксија

Оваа година имате можност бојадисувањето на јајцата да го сфатите како забава, а може да ги вклучите и помалите членови на семејството и да направите фантастична декорација на велигденски јајца како галаксија.

Оваа техника дава многу интересни резултати, а посебно е убава за јајца кои би се користеле исклучиво како декорација. Прво прочитајте, а потоа погледнете го видео упатството.

За да направите велигденски јајца како галаксија потребно ви е:

  • Варени јајца
  • Црна боја (најдобро боја за школска табла)
  • Акрилни бои во разни нијанси
  • Сунгерчиња
  • Повеќе четкички (може за шминкање, четки за заби и сл.)

Постапка:

  1. За почеток мора потполно да ги обоите јајцата со црна боја и да оставите бојата целосно да се исуши пред да ги претворите во „галаксија“.
  2. На пластична чинија истиснете повеќе нијанси од акрилните бои, со акцент на сина, виолетова, златна и сребрена.
  3. Со помош на четкичка или со тапкање со помош на сунгерче, наизменично нанесувајте од боите додека добиете соодветен резултат. Важно е помеѓу сите слоеви да чекате малку време, за бојата која ја нанесувате да се исуши.
  4. На крај, обавезно нанесете златни светки во трагови, а потоа како завршен потег напрскајте ги јајцата со малку бела боја (исто така во трагови – многу ситни точки) и оставете да се исушат во потполност.
  5. Велигденските јајца како галаксија се готови и спремни да го разубават домот и празничната кошница, како и да донесат голема радост во семејството. Уживајте во нив!

Ви предлагаме да прочитате и велигденски јајца на 5 начини.

Сподели: