велигденски јајца

Велигденски јајца на 3 начини

Традицијата на боење на Велигденски јајца не е нова и е празнувана од сите христијани, буди размена на позитивни емоции и секоја година е обожавана од голем број од нас. Секоја декорација на Велигденските јајца е посебна и убава за себе, различна и со љубов подготвена од нашите домаќинки, а ни ви припремивме 5 предлози.

Велигденски јајца со природни бои

Ви предлагаме да пробате боење на јајцата на природен начин, односно со помош на овошки и зачини. Погледнете го краткото видео, каде што може да видите пример со боровинки, јагоди, куркума, црвена пипер и слично, а веруваме дека нашите предлози се доволно интересни и ќе ја пробудат вашата креативност, па можеби ќе се сетите на други намирници за природно боење на јајцата за Велигден. При постапката е важно, овошјето или зачинот да се варат во вода која врие барем 5 минути (може да употребите 3 и 1/2 чаши замрзнати боровинки, јагоди или малинки, кон нив да додадете 2 чаши вода или 2 лажици куркума да ја измешате со 2 чаши вода). Течноста која вриела 5 минути се процедува од овошјето, па во неа се додава цеден лимонов сок (на 2 чаши вода, се додава 1 лажица лимонов сок) и во таа течност се ставаат претходно варените јајца. Додека во течноста која сте употребиле зачини, наместо лимонов сок се додава малку бела киселина. Добро е што количините на овошје/зачин и вода, може да ги менувате според бројот на јајца кои сакате да ги обоите и секако според интензитетот на боја која сакате да биде истакната.

Велигденски јајца со лакови за нокти

Велигденското расположение може да донесе опуштени моменти на креативност. Со лакови за нокти може да изведете уметност на јајца. Погледнете го краткото видео можеби ќе ве инспирира!

Велигденски јајца со темперни бои

Пробајте ја оваа креативна идеја за боење на јајца во која може да ги вклучите и децата, а зошто не и сите други членови на семејството доколку изразат желба.

На страницата bhg.com ја најдовме оваа многу лесна, интересна и навистина креативна декорација за несекојдневно боење на Велигденски јајца. Пуштете се во креативна дизајнерска акција, а еве како може да ја направите.

Потребно:

  • четка за боење
  • темперни бои
  • варени јајца со бела лушпа.

Начин на подготовка:

Разредете ја темперната боја со малку вода, а по желба употребете и повеќе бои. Изборот останува на вас, може да бидат зелени, жолти, црвени, пурпурни, розеви, кафеави или неодредени. Секоја комбинација на бои ќе овозможи посебен ефект во изгледот на јајцата. Можете да мешате жолта со зелена, жолта со црвена, жолта со виолетова, виолетова со сина, сина со зелена, а може да експериментирате со многу други комбинации кои ќе ви дојдат на памет. Не постои можност за грешка, опуштете се и уживајте во креативното боење!

велигденски јајца

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски јајца како галаксија.

Сподели: