Визитарски колачи - лешник штанглички и срца 1

Визитарски колачи – лешник штанглички и срца

Обожаваме кога го листаме блогот на нашата пријателка Лана! Деновиве наидовме на превкусните лешник штанглички и срца кои се прават од истата смеса. Ги пробавме и знаевме дека не смееме, а да не ги споделиме со вас!

Од оваа доза на состојки не излегуваат многу колачи, па ако сакате поголема доза зголемете ги состојките. Како и да е, од оваа количина ќе добиете една полна поголема чинија.

Визитарски колачи - лешник штанглички и срца 2

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 125 гр маргарин
  • 150 гр мелени лешници
  • 150 гр мелени бисквити

За глазура од чоколадо:

  • 50 гр чоколадо
  • 5 лажица масло

За фондан:

  • 150 гр шеќер во прав
  • неколку лажици врела вода
  • 1/2 лажичка нескафе
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 1 лажичка масло.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете ги 100-те мл вода заедно со шеќерот да провријат околу 3 минути. Треба да добиете сируп со густина на мед. Тргнете го од ринглата и во врелиот сируп додајте маргарин исечкан на коцки, па мешајте додека се растопи. Додајте ги мелените бисквити и добро измешајте ја смесата за да се изедначи.
  2. Подгответе ги штангличките. Смесата турете ја во помали плитки калапи обложени со хартија за печење и израмнете ја површината. Почекајте малку да се излади и прелијте со глазура од чоколадо. Сечете на штанглички и секоја украсете ја по желба со растопено чоколадо.
  3. Подготовка на колачите во облик на срце. Додека смесата сеуште е топла, наполнете мали силиконски калапи во облик на срце и оставете да стои преку ноќта во фрижидер, за да се излади и да се стегне. Утредента внимателно изладете ги срцињата од калапот и декорирајте ги со фондан или по желба.
  4. Подготовка на фондан. Во длабок сад ставете го шеќерот во прав, додајте половина лажичка нескафе растворено во ладна вода, па постепено додавајте по малку врела вода и без престанување мешајте до посакуваната густина. Доколку е потребно, можете да додадете уште малку шеќер и вода. На крај, турете лажичка лимонов сок и малку масло за фонданот да биде сјаен. Оставете да постои и да се стегне, па сместете ги во хартиени корпички и уживајте во нив!

Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.

Сподели: