Витамински напиток за слабеење.

Витамински напиток за слабеење

Ако веќе сте се одлучиле да пиете вода во поголеми количини, барем нека биде вкусна и збогатена со витамини. Повеќето од нас слушнале за т.н. Саси вода, која претставува витамински напиток за слабеење и поради својата ефикасност се раширила насекаде во светот. Се прави од само неколку состојки, лесно и брзо, а сега ви го откриваме и точниот рецепт за обожаваниот витамински напиток за слабеење!

Нутриционистката Синтија Сас е заслужна за постоењето на Саси диеталната вода која можете да ја направите сами и за која тврди дека по 4 дена редовна консумација доведува до губиток на околу 3 килограми, односно до 10 см во обемот на струкот. Тука мора да го спомнеме нашето гледиште и да ви посочиме дека освен овој витамински напиток за слабеење и вистинки трајни резултати ќе мора да внимавате и на другите дополнителни фактори како што е количинскиот и хранливиот внес на намирниците, а голема улога има и физичката активност која мора да е редовна прво за енергија потребна за секојдневните активности, а потоа и за трошење на калории или претворање на мастите во енергетски ресурс и на тој начин намалување на телесната тежина. Значи за да имате видливи резултати потребно е, во подолг временски период да работите свесно на сите потребни фактори кои влијаат во процесот на слабеење и одржување на телесната тежина во нормални граници.

Витамински напиток за слабеење

Познатиот витамински напиток за слабеење познат уште како „Саси диеталната вода“ може да го направите на следниот начин:

Состојки:

  • Свеж ѓумбир во должина од 1-2 см
  • 8-12 свежи листови нане
  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 8.5 чаши вода (водата може да е филтрирана, а чашите се во количина од 250мл).

Подготовка:

  1. Лимонот измијте го и исечете го на половина и извадете ги семките доколку ги има. Секоја половина, насечете ја и ставете ја во садот во кој претходно сте ја ставиле водата. Лимонот немојте да го лупите, ниту да го цедите сокот во водата.
  2. Краставицата излупете ја и насечете ја на кругови, а потоа додајте ја во водата.
  3. Нането измијте го и додадете го.
  4. Ѓумбирот измијте го и и нарендајте го во водата.
  5. Измешајте ја смесата убаво и поклопете ја во садот затворен со капак, па ставете ја да стои во фрижидер преку ноќта.

Наредниот ден, секој пат кога ќе сте жедни пијте само од овој витамински напиток за слабеење и заборавите на шејковите, соковите и засладените лимонади. Потребно е секој ден да припремате свеж напиток и да пиете барем 4 дена за да ги видите првите резултати.

Сподели: