vitamin B12

Витамин Б12 – нутриент клучен за добро здравје

Како што самото име кажува, витаминот Б12 припаѓа во Б групата на витамини. Но, сепак е малку различен од нив. Овој витамин му е потребен на организмот во мали количини. Но ако имате недостаток на витамин Б12 тоа може да доведе до трајни штетни последици на мозокот и нервите.

Карактеристични својства на витаминот Б12 се:

  • поголемиот дел од витамините од Б групата не се складираат долго во организмот, но залихите на витаминот Б12 во црниот дроб може да траат и неколку години.
  • најголем дел од витамините од Б групата се наоѓаат во храната од растителни и животинско потекло, но витаминот Б12 се наоѓа исклучиво во храната од животинско потекло.
  • повеќето витамини од Б групата се апсорбираат лесно и едноставно, но апсорпцијата на витаминот Б12 е многу комплексна.
  • витаминот Б12 е единствен витамин кој содржи метал (кобалт).
витамин Б12

Извори во храната

Како што споменавме, витаминот Б12 се наоѓа во храната од животинско потекло. Најдобрите извори на храна кои го содржат витаминот Б12 се:

  • морски школки (1648% од дневните потреби)
  • телешки џигер (1386% од дневните потреби)
  • риба скуша (317% од дневните потреби)
  • пилешки црн дроб (281% од дневните потреби)
  • сардини (149%)
  • црвено говедско месо (100%)
  • конзервирана туна (37%)
  • јајца (33%).

Бројките се однесуваат на 100 грама од намирниците. Високите дневни вредности не треба да ве загрижуваат, затоа што тешко е да се предозирате со овој витамин.

Зошто е добар и корисен овој витамин?

Витаминот Б12 учествува во многу процеси во организмот:

  • се користи за производство на генетски материјал (ДНК)
  • игра улога во мозокот и нервниот систем
  • делува на метаболизмот на сите клетки во телото (ја зголемува енергијата)
  • помага при формирање на црвени крвни клетки.

Симптоми кои се јавуваат при недостаток на витамин Б12

Ако редовно јадете месо, тогаш најверојатно немате недостаток на овој витамин. Под најголем ризик за недостаток на витамин Б12 се веганите, односно лицата кои не јадат ни месо ни животински производи како што се јајцата и млекото. Веганите мора да земаат суплементи со витаминот Б12 за да ја ги задоволат потребите за овој витамин. Симптомите при недостаток на овој витамин се:

  • умор
  • депресија
  • лоша меморија
  • вкочанетост во рацете и нозете.

Кај многу лица постари од 50 години се намалува способноста за апсорпција на витаминот Б12. Многу познати лица (особено холивудски актери) во текот на напорните моменти во кариерата или пред важни свечени настани користат витамин Б12 за да имаат поголема енергија.

Ви предлагаме да прочитате: 6 витамини кои се борат против стареење.

Сподели: