Витамин К2 за цврсти коски, здрави артерии и силен нервен систем 1

Витамин К2 за цврсти коски, здрави артерии и силен нервен систем

Во последно време витаминот К2 е во центарот на вниманието на сите кои се интересираат за здравиот живот и природната медицина. Тој е помалку познатата страна на К витаминот. Важен е за распределувањето на калциумот во телото, односно тој одредува дали калциумот ќе оди во коските и крвта, наместо во артериите и мускулите.

Познатиот и добро проучен витамин К1 е важен фактор во регулацијата на нормалното згрутчување на крвта. Како најбогат извор на овој витамин се препорачува зелениот листест зеленчук.

Витамин К2 за цврсти коски, здрави артерии и силен нервен систем 2

Формата на овој витамин која се нарекува К2 е помалку проучувана, а затоа во последно време е и многу истражувана. Резултатите од проучувањето на дејството на овој витамин покажале дека помага за одржување на густината на коските. Тој спречува, дури и може да го промени целосно стврднувањето (калцификацијата) на артериите, што е главна причина за срцеви заболувања.

Недостатокот на витамин К доведува до кршливост на коските, стврднување на артериите и старосно заболување на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест. Истражувањата покажале дека К2 витаминот посебно го штити нервниот систем, поточно нервните клетки од оксидативен стрес, а помага и во превенција на рак.

Дневната доза за возрасни е 90-120 микрограми, а било утврдено дека и ако се надмине тој внес, не штети.

Каде може да се најде, кои се извори на витамин К2?

Она што е интересно е дека најдобри извори на витамин К2 се месото, јајцата, сурово млеко, млечни производи. Што се однесува на вегетаријанците, овие информации сугерираат дека лакто-ово-вегетаријанската исхрана е најбезбедна и најпогодна за нив.

Одличен извор на витамин К2 се ферментираните соини производи по име „нато“ или „нато мисо“. За жал, заради специфичниот вкус, многу ретко се среќава и консумира надвор од Јапонија и на нашите пазари е слабо или не е достапен. Имајќи го во предвид овај факт, можеме да забележиме дека традицијата на Јапонците да консумираат „нато мисо“ веројатно е еден од клучните фактори за добро кардиоваскуларно здравје.

Користењето на антибиотици и некои други лекови, како и оштетување на дебелото црево, може да доведе до дефицит на Витамин К2, што е предиспозиција за остеопороза и срцеви заболувања.

Имајќи го во предвид сето ова, посебно оние кои се хранат исклучиво со растителна храна, треба да се консултираат со стручно лице и можеби да земат дополнителни дози во вид на природен суплемент.

Ви препорачуваме да прочитате: Витамин А за правилен раст, развој и силен имунитет.

Сподели: