Витамин Ц за силен имунитет и добро здравје

Витаминот Ц, уште познат како аскорбинска киселина, припаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Тој е потребен за нормален раст и развој, учествува во обновата на ткивата во сите делови од телото, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок.

На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Затоа, во периодите кога настинките се честа појава се препорачува да се внесува витамин Ц.
Витаминот Ц во организмот има неколку улоги и се користи за:

  • Учествува во градбата на значаен протеин кој е неопходен за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови
  • Помага за побрзо зараснување на раните
  • Ја обновува и одржува рскавицата, коските и забите
  • Ја помага апсорпцијата на железо.

Витаминот Ц претставува значаен антиоксиданс. Антиоксидансите се хранливи состојки кои ги спречуваат оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали.

  • Слободните радикали се создаваат во процесот на варењето на храната во телото, кога сте изложени на чад од цигари или зрачење.
  • Создавањето на слободните радикали во подолг временски период го забрзува процесот на стареење.
  • Слободните радикали често доведуваат до канцер, срцеви заболувања и артритис.

Организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц, па затоа е важно овој витамин секојдневно да се внесува преку храната.

витамин ц

Храна богата со витамин Ц

Најзначаен избор на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук. Некои овошки се богати со витамин Ц и вреди да ги вклучите во вашата исхрана. Тоа се:

  • Дињи
  • Цитрусни овошја и сокови, како портокал и грејпфрут
  • Киви
  • Манго
  • Папаја
  • Ананас
  • Јагоди, малини, боровинки и брусница
  • Лубеница.

Покрај овошјето, значаен извор на витамин Ц претставува и зеленчукот, како што се:

  • Брокула, прокељ и карфиол
  • Зелена и црвена пиперка
  • Спанаќ, зелка и друг зелен лиснат зеленчук
  • Сладок и бел компир
  • Домати и сок од домати
  • Тиква.

Важно е да се знае дека со приготвувањето на храната или чувањето на подолг временски период може да се намали количината на витамин Ц. Приготвувањето на храната во миркобранова печка или варењето на пареа може да ги намали загубите на витамин Ц во храната. Најдобри извори на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук. Покрај тоа, изложеноста на светлина може да ја намали содржината на витамин Ц, па кога купувате сокови секогаш избирајте картонска амбалажа, наспроти стаклени или пластични шишиња.

Ви препорачуваме да прочитате: Недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата.

Сподели: