виткање на салфетки во форма на маичка

Виткање на салфетки во форма на маичка

Замислете, воопшто не е сложено како што изгледа! Само погледнете го ова кратко видео и откријте ја тајната како преку едноставни потези да свиткате салфетка во форма на маичка. Нели вашата трпеза би била прекрасна со вака убава декорација?

Сѐ што ви е потребно се салфетки во различна боја и малку време, а ви гарантираме дека ќе се забавувате при изработката на вашите мали креативни дела.

Техника за виткање на салфетки во форма на маичка

  1. Земете една салфетка и отворете ја. Започнете така што краевите на салфетката ќе ги свиткате кон центарот.
  2. Потоа, двата спротивни краеви на салфетката превитајкте кон центарот, со што ќе добиете форма на правоаголник. Пожелно е при секое виткање, да ги притиснувате рабовите, за што подобро да се изрази и задржи формата.
  3. Откако ќе ги свиткате краевите, внимателно свртете ја салфетката од спротивната страна и повторно завиткајте еден до два сантиметри од долниот дел кон центарот.
  4. Потоа салфетката свртете ја од другата страна, така што превитканиот крај треба да биде на горниот дел.
  5. Горните краеви малку свиткајте ги кон внатрешноста со што ќе ги добиете јаките на маичката, а долните краеви свиткајте ги кон надворешната страна.
  6. Долниот дел на салфетката свиткајте го на половина и поставете го под јаките на маичката.

За најдобро разбирање на техниката, секако погледнете го видео приказот, вежбајте и имајте прекрасни декорации на вашата трпеза.

Сподели: