Витки на здрав начин: 5 овошја кои го помагаат слабеењето 1

Витки на здрав начин: 5 овошја кои го помагаат слабеењето

Постигнете виткост без нездрави диети! Ако се трудите да изгубите телесна тежина и постојано сте на диети или се трудите да ослабнете со напорни физички тренинзи, треба да прочитате што може да ви помогне. Така, ако ги консумирате овие 5 лесно достапни овошја за слабеење, на многу полесен начин ќе стигнете до посакуваната цел.  

Круша

Крушата е многу богата со растителни влакна кои овозможуваат да се чувствувате сити и го намалуваат апетитот. Убаво измијте ја и не лупете ја кората, бидејќи во неа има многу повеќе влакна. Крушата содржи антиоксиданси кои се неопходни за слабеење, катехини и флавоноиди, кои го спречуваат задржувањето на течностите и ги елиминираат токсините и мастите од организмот.  Редовната консумација на круши во исхраната помага за регулирање на холестеролот, како и ја намалува можноста од добивање на коронарна болест и дијабетес.

Јаболка

Не само што растителните влакна во јаболката го намалуваат апетитот, туку и го забрзуваат метаболизмот и доведуваат до брз губиток на телесна тежина. Јаболката се добри и за здравје на срцето и силен имун систем. Како напиток, може да припремате сок од јаболка со вода и цимет и полесно ќе ги намалувате килограмите.

5 ovosja za polesno slabeenje 2

Портокал

Портокалот има малку калории, а содржи доста корисни супстации кои ни помагаат да заборавиме на гладот. Честото јадење на портокали му помага на телото да се хидрира и ја намалува вкупната количина на дневни калории кои ги внесуваме.

Банана

Растворливите влакна од ова овошје го намалуваат апетитот, а ако ги јадете за појадок тоа може да го подобри вашиот имун систем и да го истенчи вашиот струк. Исто така, бананите е препорачливо да ги јадете после тренинг, за да ја обновите енергијата, а комбинација со темно чоколадо во мали количини е совршена за секој спортист.

Кокос

Кокосовиот орев помага за забрзување на метаболизмот, како и да се чувствувате сити. Можете да го додадете во салата, а како негова варијација за губење килограми, корисно е и кокосовото масло.

Ви предлагаме да прочитате: 5 совети за слабеење кои мора да се почитуваат.

Сподели: