Вкусна крем супа од карфиол 1

Вкусна крем супа од карфиол

Време е за вкусна крем супа од карфиол која ќе ви ја стопли стопли душата! Домашна и природна, претставува навистина здрав и вкусен оброк или предјадење.

Крем супите од зеленчук се едни од најздравите и најхранливите, па ова е одлична можност да уживате во нешто добро и да придонесете за своето здравје.

Вкусна крем супа од карфиол 2

Состојки:

  • 300 гр карфиол
  • 1 главица кромид
  • 1 мал пашканат
  • 1 компир
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 2 лажици маслиново
  • мешан зачин по желба како додаток
  • сол и црн пипер по вкус
  • вода по потреба.

Подготовка:

  1. Прво измијте ги и излупете ги кромидот и пашканатот. Ситно исечкајте ги, но во одделни садови.
  2. Компирот, исто така измијте го и излупете го, па пресечете го на половина.
  3. Карфиолот измијте го и исечете го на цветови.
  4. Во тенџерето во кое ќе ја правите супата, ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид. Пржете со постојано мешање, додека кромидот порумени.
  5. По кратко време додајте го пашканатот.
  6. Во тенџерето додајте го карфиолот и измешајте. Оставете го кратко време да се динста.
  7. Потоа, во тенџерето налејте вода и додајте ја коцката за супа и двете половинки од компирот. Оставете да се вари околу 20 минути на средно висока температура, или додека карфиолот омекне и компирот се сварил.
  8. За време на варењето, по желба додајте мешан зачин, сол и црн пипер.
  9. Со рачен блендер миксирајте го карфиолот и компирот додека добиете хомогена смеса. Доколку немате рачен блендер, тенџерето тргнете го од огнот и оставете ја супата кратко време да се излади. Потоа, ставете ја во блендер и блендирајте додека добие убава густина и изедначеност. За овој чекор да ви биде најуспешен, советуваме прво да го извадите карфиолот и компирот и да ги блендирате со помалку вода, а потоа да продолжите со додавање на останатата течност.
  10. По потреба додајте уште вода.
  11. Симпатичната и вкусна крем супа од карфиол декорирајте ја со неколку мали светови карфиол, малку црн пипер и чили или буковец и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од брокула.

Сподели: