лупење и сечење на тиква

Водич за лесна подготовка на тиква

Тиквата се нарекува кралица на есента и зимата, многу е здрава и често треба да биде дел од трпезите. А што е уште подобро, има прифатлива цена и голема трајност. Ако приготвувањето, лупењето и сечењето на тиквата понекогаш ви прави проблеми во кујната, време е да ги дознаете овие едноставни чекори кои многу ќе ви ја олеснат припремата на тиквата. За таа цел приготвивме водич за лесна подготовка на тиква!

Сезонската, здрава тиква е есенцијална состојка во многу слатки и солени јадења. Може да ја варите, да ја приготвувате во пити и десерти, да направите чорба од тиква, да ја печете… Како и да ја приготвите тиквата, таа има одличен вкус и многу здравствени придобивки. Но, дебелата кора, цврстата внатрешност, неправилната форма, ја прават тешка за подготовка, особено за оние кои одлучиле за прв пат да прават јадење од тиква. А тука се советите на најдобрите готвачи, кои многу ќе ви бидат од корист штом одлучите следен пат да приготвите тиква. Следете ги инструкциите и погледнете го краткото видео:

Чекор 1: Пригответе ја тиквата

Овој чекор се применува за сите врсти на тиква, поголеми или помали, без разлика на дебелината на кората.

Тиквата ставете ја на даска за сечкање. Доколку користите поголема тиква, задолжително под даската ставете поголема кујнска крпа или кујнска харија која ќе го спречи лизгањето. Со помош на остар нож, отсечете ги два краеви на тиквата. Потоа, пресечете ја на половина, по средината. Двата краеви на тиквата пресечете ги половина.

Чекор 2: Исчистете ги семките

Во долниот дел на некои сорти на тикви или во внатрешноста се наоѓаат семки. За да може најлесно да ги исчистите, земете лажица и со неа отстранете ги семките.

Чекор 3: Излупете ја тиквата

Ако тиквата има послаба кора со помош на алатка за лупење на зеленчук или остар нож, внимателно излупете ја кората. Доколку тиквата има подебела кора, а не сте толку вешти во кујната, ви препорачуваме кората да ја излупите откако ќе ја приготвите тиквата, односно по варењето или печењето.

Чекор 4: Исечете ја тиквата на парчиња

Штом ја излупивте тиквата, следно е да ја исечете на парчиња. Земете едно поголемо парче тиква и поставете го со внатрешноста од долната страна врз даската. Потоа со помош на остар нож исечете парчиња со дебелина по желба. Тиквата ставете ја да се вари или пече.

Ви предлагаме да прочитате: Тиква за витка линија и добар вид.

Сподели: