Врзани кифлички со сланина 1

Врзани кифлички со сланина

Оваа убава идеја ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана од блогот Кuhinjica MignoneТаа ни кажа дека откако еднаш ќе го пробате неодоливиот вкус на врзани кифлички со сланина, ќе посакате што почесто да ги правите.

Од препорачаната доза ќе добиете 10-12 кифлички. Интересни се, ќе видите ќе им се допаднат на сите.

Врзани кифлички со сланина припрема

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 25 гр свеж квасец
  • малку шеќер за квасецот
  • 1 лажичка сол
  • 70 мл масло
  • околу 200 мл млеко или вода
  • 2 лажици ајвар
  • 10-12 ленти сланина, по потреба спрема бројот на кифлички.

Подготовка:

  1. Изматете го квасецот во половина шолја топло млеко со малку шеќер и брашно.
  2. Во подлабок сад измешајте го брашното со солта, па додајте го претходно припремениот квасец, маслото, ајварот, па со млако млеко или вода замесете меко тесто. Покријте го садот со фолија за да не фаќа кора и оставете го да одмори околу 20 минути.
  3. Тестото поделете го на 10-12 делови и обликувајте топчиња.
  4. Секое од топчињата истенчете го во вид на стапче, ставете по една лента од сланината и направете јазол.
  5. Во плехот наредете ги и оставете ги да одмараат уште малку додека се загрее рерната.
  6. Пред печење премачкајте ги кифличките со мешавина од масло и вода и печете на околу 200 степени за време од 30-тина минути.
Врзани кифлички со сланина 2

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни кифлички – полжавчиња со ајвар.

Сподели: