цветoви од морков

Гарнирајте со совршени цветoви од морков

Ништо не е тешко доколку го знаете вистинскиот начин тоа да го изведите. Доколку пробате ќе се уверите дека и вие умеете да направите прекрасни цветoви од морков, кои можат да ви послужат како украсен елемент на салата или одличен гарнир со месо!

цветови од морков

Морковот е еден од најздравите зеленчуци со многу корисни и лековити својства за здравјето, а може да служи и за фантастични цветови од морков. Во народот е познат како природен лек, затоа што ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, помага при реума, шеќерна болест, кашлица, бронхитис и грип. Одличен е за детоксикација и намалување на телесната тежина, затоа што содржи големи количини на растителни влакна и витамин А. Морковот е богат извор на витаминот и минерали, а останатите детали за неговата корист можете да ги најдете тука.

Искористете го тоа што морковот е здрава храна која може да се обликува во совршени цветови од морков и обидете се и вие да направите ваков декоративен гарнир. Погледнете го краткото видео, разгледајте ги внимателно постапките на изведувачот и пробајте. Ќе уживате во креирањето!

Сподели: