настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“

Гостување на М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска, уредници на sezahrana.mk на ТВ Сител

Да го подобриме здравјето и да им ставиме крај на срцевите заболувања, високиот крвен притисок, артериосклерозата, покачениот холестерол, триглицеридите… Тоа се дел од целите на настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“ кој беше најавен во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител.

Уредниците на порталот sezahrana.mk, М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска во средата на 22.03.2017 година, гостуваа во утринската емисија „Ја сакам Македонија“. Целта на гостувањето беше да се поканат сите граѓани на едукативниот настан кој ќе се одржи во Понеделник на 27.03.2017 година, во 18:00 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

гостување на тв сител

Во рамките на емисијата беа приготвени два рецепти кои имаат за цел подобрување на здравјето и превенирање на срцеви заболувања. Станува збор за салата со просо, спанаќ и бадеми, како и здрави бомбици со овес, портокал и темно чоколадо, приготвени без шеќер. Двата рецепти за скоро време ќе бидат објавени на sezahrana.mk. А во понеделник ќе имате можност да ги дегустирате на самиот настан.

Брзиот начин на живот, стресот, пороците, како и неизбалансираната исхрана, можат да предизвикаат нарушување на здравјето кај граѓаните. Истражувањата од последните години покажуваат дека секој втор Македонец умира од кардиоваскуларни заболувања. За таа цел, темите на настанот вклучуваат дискусии со експерти од областа на медицината и храната, околу ризик факторите, последиците, совети за превенција и препораки за подготовката на оброци кои се сојузници на здравите крвни садови и срцето.

На наше големо задоволство, своите препораки за здрав срцев ритам ќе ги сподели Д-р Светлана Стефановска, субспецијалист кардиолог.

Добредојдени сте сите! Влезот е бесплатен, а бројот на седишта е ограничен. Резервирајте го вашето место на 075 861 907 или info@sezahrana.mk, секој работен ден од 11 до 17 часот. Плус тоа, имате можност да освоите подарок од нашите партнери. Ве очекуваме во голем број!

Сподели: