Густа млечна крем супа со лук 1

Густа млечна крем супа со лук

Ароматична и вкусна супа која ќе ви ја стопли стопли душата! По конзистенција е густа, по вкус интересна. Оваа млечна крем супа со лук изобилува со зеленчук и хранливи состојки, одлична е за да ве нахрани добро!

Ќе му се допадне на сите членови од семејството. Супер е за добар имунитет, па нема причина да не ја пробаме сите!

Густа млечна крем супа со лук 2

Состојки:

  • 10 средни чешниња лук
  • 2 компири (околу 400 гр)
  • 1 морков
  • 1/2 мала главица кромид
  • 1 гранче магдонос
  • 7 лажици масло
  • 750 мл вода
  • по вкус сол, бибер, мешан сув зачин.

За млечниот дел:

  • 40 гр путер
  • 40 гр брашно
  • 400 мл млеко
  • рендано морско оревче по вкус.

Подготовка:

  1. Компирот и морковот измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња.
  2. Лукот и кромидот излупете ги и исечете ги на помали парчиња, исто така.
  3. Водата ставете ја да зоврие и потоа додајте го зеленчукот.
  4. Додајте ги и магдоносот, маслото и зачините по вкус. Оставете ги да варат околу 20 минути, за да омекнат.
  5. Во меѓувреме додека зеленчукот се вари подгответе го млечниот дел.
  6. Во сад ставете го млекото да се загрее.
  7. Во друг ставете го путерот да се растопи, па додајте го брашното и малку пропржете го со постојано мешање за да не загори. Додајте го млекото и мешајте со жица за да се изедначи смесата и да нема грутчиња. По вкус додајте и рендано морско оревче и тргнете го од огнот.
  8. Варениот зеленчук изблендирајте го додека премине во изедначена смеса и потоа додајте го млечниот дел, па повторно изблендирајте за убаво да се изедначат состојките. Пробајте за вкус и по желба додајте уште зачини.
  9. Готовата крем супа со лук послужете ја топла со сечкан магдонос и препечено лепче. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем супа со лук.

Сподели: