интегрални тестенини

Дали интегралните тестенини се навистина поздрави?

Пред неколку години, штом купувавте тестенини сигурно се двоумевте меѓу нивната форма и големина. Но, сега имаме повеќе можности. Без разлика дали станува збор за шпагети, макарони или резанци, прашањето кое си го поставуваме сите е, дали да купиме интегрални или тестенини од бело брашно. Се запрашувате ли и вие, дали изборот на интегрални тестенини, навистина е подобар за здравјето на долг рок?

Главната состојка е пченицата, па која е разликата?

Главната разлика меѓу тестенините од интегрално и бело брашно, лежи во процесот на обработка на зрното. Целото зрно се состои од три делови – ендосперм, кој претставува основа на белото брашно, обвивка која му дава заштита на зрното и ‘ркулец, кој всушност е јадрото на зрното. За време на производството на бело брашно, од зрното се отстрануваат обвивката и ‘ркулецот, а се остава ендоспермот кој е основа на овој тип на брашно. Произведено на овој начин и гледајќи од нутритивен аспект, белото брашно е посиромашно со хранливи состојки, и покрај тоа што ендоспермот е богат со витамини од групата Б, железо и јагленихидрати.

интегрални тестенини

За разлика од него, интегралното брашно во својот состав ги содржи сите делови на зрното. Обвивката на зрното и ‘ркулецот се богати со витамин Е, поголем дел од витамините од Б групата, антиоксиданси, растителни влакна кои го намалуваат апетитот, протеини и здрави масти. Така, тестенините произведени од интегрално брашно имаат поголема нутритивна вредност и се подобар избор за целото семејство. Доколку ги вклучиме во исхраната почесто, на долг рок придобивките од нив за здравјето, би ни биле поголеми, споредено со тестенините  направени од бело брашно.

Што велат истражувањата на оваа тема?

Како резултат на изобилството на хранливи состојки кои ги содржат интегралните житарки, нутриционистите препорачуваат да се консумираат секојдневно. Имено, во многу студии е докажано дека консумирањето на производи направени од житарки во цело зрно најмалку три порции на ден (½ чаша варени тестенини од цело зрно се смета за една порција) може да го намали ризикот од хронични заболувања како кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, рак и проблеми со дигестивниот тракт. За жал, лицата кои имаат алергија или интолеранција на глутен, не можат да ги уживаат овие придобивки.

На што треба да внимавате при изборот на тестенини?

Штом сте во маркет, посегнете по интегралните тестенини и добро прочитајте ја декларацијата. Изберете тестенини направени интегрално брашно и дурум пченично брашно. За среќа на нашиот пазар може да се најдат многу вкусни интегрални тестенини кои ги произведува Агро Ели. Достапни се во 8 различни пакувања, така што има за сечиј вкус: макарони со јачмен, макарони со овес, макарони со хељда, макарони со пченица, макарони со рж, макарони со праз, интегрални резанци и интегрална тарана. Водени од мотото „Ем здраво, ем вкусно!“, голем дел од производите на Агро Ели се прават на традиционален начин и без употреба на адитиви, хемиски додатоци и шеќер. Овие тестенини може да ги најдете во поголемите продавници за здрава храна, а за повеќе информации, посетете ја страницата на Агро Ели и разгледајте ја нивната палета на производи.

Совети како да ги приготвите интегралните тестенини за да имаат совршен вкус

За да се навикнете на вкусот на интегралните тестенини потребно е повеќе време. Тоа е така затоа што имаат посилен и поизразен вкус на житарките од кои се добиени. Секогаш следете го упатството за подготовка и потребното време на варење на тестенините. Исто така, многу е важно, тестенините да ги варите во поголема количина на вода и подолго спрема белите. На овој начин ќе добиете тестенини по ваша мерка. На крај, направете вкусен сос и уживајте во здравиот оброк.

Сигурни сме дека ве мотивиравме да направите промена во вашето мени и да ги вклучите интегралните тестенини. Затоа ви предлагаме два испробани рецепти:

Може да ве интересира: Здрав и брз оброк – зачинето тофу сирење со грашок.

Сподели: