разлика меѓу јајцата со бела и кафеава боја

Дали постои разлика меѓу јајцата со бела и кафеава лушпа?

Некои луѓе сметаат дека јајцата со кафеава лушпа имаат повеќе хранливи состојки и се повкусни. Но, постои друга група на приврзаници кон јајцата со бела лушпа кои сметаат дека се подобри за приготвување на одредени јадења. Па, дали постои разлика меѓу јајцата со бела и кафеава боја? Ајде да видиме!

Некои ќе речат дека разликата е евидентна: белите јајца се бели, а кафеавите се кафеави. Да, тоа е точно, а под лушпата јајцата се еднакви – тие содржат еднакви хранливи материи, имаат ист вкус, а ќе бидат подеднакво вкусни во било кое јадења.

разлика меѓу јајцата со бела и кафеава боја

Која е разликата меѓу кафеавите и белите јајца?

„Кокошките со бели пердуви несат бели јајца, додека кокошките со кафеави пердуви несат кафеави јајца“, вели нутриционистот Александра Касперо.

Но, кога е во прашање храната, луѓето предност им даваат на кафеавите намирници: шеќер, тестенини, леб, а врежано е мислењето дека тоа важи и за јајцата. Како резултат на тоа, во некои места може да се забележи дека кафеавите јајца имаат повисока цена од белите.

Тоа, покрај поголемата побарувачка на кафеавите јајца, се должи и на друго. Касперо објаснува дека производството на кафеави јајца е поскапо. Кафеавите кокошки често пати се поголеми од белите и јадат повеќе храна, па тоа ги зголемува трошоците на производство.

Дали јајцата со кафеава боја се поздрави од белите?

Никој не може да не увери дека не постои разлика меѓу јајцата. Колку пати ви се има случено некои јајца кои сте ги набавиле да имаат појака жолта боја на жолчката? Имено, тоа е почесто кај кафеавите јајца, а причината се наоѓа во начинот на исхрана на кокошките. Кокошките кои не се одгледуваат индустриски и во кафези, а ги одгледуваат малите фармери на своите фарми на традиционален начин, почесто несат јајца со кафеава боја. Па и тоа има влијание, да некои мислат дека кафеавите јајца се поздрави од белите.

Заклучно, при изборот на јајца, не се водете од бојата на лушпата. Ако имате можност, изберете јајца од кокошки кои не се одгледани во кафези, се хранат со храна која не е третирана со антибиотици и пестициди, а имаат пристап до природна храна која се наоѓа на отворено.

Ви предлагаме да прочитате: Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија.

Сподели: