Две маски за двојно забрзан раст на косата.

Две маски за двојно забрзан раст на косата

Голем број девојки посакуваат да имаат долга коса и се прашуваат како да постигнат забрзан раст на косата. Постојат многу природни маски за одржување на здравјето на косата, а секоја од нив си има своја намена.

Така, доколку имате проблеми со кршлива коса која е склона на опаѓање, ви предлагаме две маски кои двојно ќе го забрзаат нејзиниот раст, а сѐ што ви треба се наоѓа во вашата кујна.

Две маски за двојно забрзан раст на косата

Маска од банана за забрзан раст на косата

Состојки:

  • 2 пасирани банани
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите состојки и најпрво измешајте ги, а потоа нанесете ги на косата.
  2. Врз косата ставете најлонска капа, а потоа убаво завиткајте ја во крпа.
  3. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути, а потоа измијте ја.

Маска од портокал за забрзан раст на косата

Состојки:

  •  ½ чаша свежо цеден сок од портокал
  •  ½ чаша јогурт

Подготовка:

  1. Принципот на подготовка и нанесување е сличен на претходната маска. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата.
  2. Врз косата ставете најлонска капа, а потоа завиткајте ја во крпа.
  3. Оставете да делува 30 до 40 минути, а потоа измијте ја.

Сподели: