Декоративна погача со сирење и спанаќ

Ви се досадило од класичните погачи и сакате да пробате нов вкус? Имаме одличен предлог за погача со сирење и спанаќ. Рецептот за оваа несекојдневна погача со сирење и спанаќ ни испрати нашата пријателка Диана од Бугарија. Освен што е многу вкусна, има декоративен изглед па може да се вклопи на сечија свечена трпеза. Ајде да ја пробаме!

погача со сирење и спанаќ

Состојки:

  • 500 грама брашно
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 100 мл масло
  • 250 мл топла вода

За фил:

  • 1 чаша сирење (смеса од бело меко сирење и крем сирење)
  • ½ чаша спанаќ (бланширан или замрзнат)
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1 белка
  • сол, црвен пипер по вкус, магданос
  • масло и сусам за декорација
  • кашкавал.

Подготовка:

  1. Квасецот разматете го со топла вода.
  2. Во сад за месење ставете ги брашното, шеќерот, солта, маслото и квасецот. Постепено додавајте вода и замесете средно тврдо тесто.
  3. Садот покријте го со кујнска крпа и оставете го тестото да нарасне двојно.
  4. Во меѓувреме направете фил од спанаќот, сирењето, белката, лебните трошки и зачинете по вкус.
  5. Со помош на сукало од нараснатото тесто, исучете кора со дебелина од 5 мм. Со чаша или кружен калап исечете кругови. Врз секој круг ставете од припремениот фил и оформете ги во форма на чамец, како што е прикажано на сликата.
  6. Формите редете ги во намрсена тава за печење, една до друга. Потоа, премачкајте ги со разматена жолчка, наросете со сусам и кашкавал по желба.
  7. Оставете ја погачата со сирење и спанаќ да нарасне уште 15 минути, а потоа печете ја во загреана рерна на 175 до 200 степени, за време од 30 до 35 минути. Печената погача со сирење и спанаќ извадете ја од рерната, премачкајте ја со масло и послужете ја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Сончоглед погача со сирење и спанаќ.

Сподели: