Дали сакате вашите гости да се чувствуваат величествено без притоа да ви е потребен црвен тепих? Третирајте ги како кралеви и на сите подарете им круна која сами ќе ја направите. Потребни ви се неколку салфетки и малку време!
Техника за декорација на салфетка во форма на круна
Верувајте многу лесно може да направите декорација на салфетка во форма на круна. Погледнете го видеото, следете ги инструкциите и збогатете ја вашата кралска трпеза.
- Може да користите платнени или хартиени салфетки. Најпрво отворете ја салфетката.
- Отворената салфетка свиткајте ја дијагонално на половина за да добиете форма на триаголник.
- Потоа врвот на триаголниот наместете го да биде на горниот дел.
- Двата краеви од салфетката свиткајте ги кон центарот на салфетката, односно кон врвот на триаголникот, така што ќе добиете форма на квадрат.
- Долниот дел од салфетката, превиткајте го кон горниот врв и добро притиснете. Потоа уште еднаш превиткајте го долниот дел, но овој пат спротивно кон долната страна, така што ќе се формира мал триаголник.
- Потоа внимателно превртете ја салфетката. Левиот крај превиткајте го за две третини кон средината на салфетката. Десниот крај превиткајте го и вовлечете дел кон левиот крај. Убаво притиснете ги краевите.
- Потоа, превртете ја салфетката од другата страна и горните краеви извадете ги кон надворешната страна. Вака направената декорација на салфетка во форма на круна, поставете ја врз чинијата и по желба украсете ја со свежо цвеќе.
За најдобро разбирање на техниката, погледнте го видеото, наместете го јадењето на трпезата и забавата може да започне!