салфетки во-форма-на-ѕвезда 1

Декорација на салфетки во форма на ѕвезда

На секоја свечена трпеза за свадба, роденден, слава или именден големо внимание привлекуваат декорираните салфетки. А откако ќе ги припремите вкусните специјалитети, издвојте малку време и збогатете ја трпезата со салфетки во форма на ѕвезда.

Техника за виткање на салфетки во форма на ѕвезда

Само со неколку чекори и вие може да направите декоративна салфетка во форма на ѕвезда. Земете една салфетка, погледнете го краткото видео и следете ги следните инструкции:

  1. Салфетката отворете ја, а потоа два краеви превиткајте ги кон центарот за да добиете правоаголна форма.
  2. Потоа, двата краеви на правоаголникот свиткајте ги кон центарот, за да добиете форма на квадрат. Едниот дел од салфетка свиткајте го кон надворешната страна, а потоа превиткајте го неколку пати за да добиете форма на лепеза. Постапката повторете ја уште еднаш и со другиот крај на салфетката.
  3. Салфетката превиткајте ја на половина. Краевите на салфетката виткајте ги во внатрешноста, со што треба да добиете форма на рамностран трапез, како што е прикажано на видеото. Потоа, салфетката превиткајте ја на половина, нежно притиснете и поставете ја во чинија. Внимателно отворете ја салфетка за да добиете форма на ѕвезда.
  4. На крај, ви предлагаме во средината на ѕвездата да ставите бонбона со што дополнително ќе ја збогатите декорацијата.

Сподели: