детоксикација.

Детоксикација во 5 чекори

По ладните месеци кога исхраната е калорична и мрсна, а свежата храна ја има помалку, на организмот му е неопходна детоксикација. Пролетта е идеално време за ослободување на организмот од штетните радикали и токсини, па прочитајте како може да го постигнете тоа!

По завршувањето на долгата зима кога во нашата исхрана недостасува свежо овошје и зеленчук може да се појават многубројни симптоми како што се хроничен замор, главоболка,  депресија, како и намалување на имунитетот.

Но, со самото започнување на пролетта и појавата на голем избор на овошје и зеленчук,  секој од нас има можност да го надополни она што го изгубил во текот на зимата како што се на пример витамините и минералите од една страна, односно да го исчисти својот организам од големиот број на токсини. Иако детоксикацијата на организмот може да се направи било кога без разлика на годишното време сепак пролетта се смета како идеална за тоа. За нашиот организам пролетта е годишно време идеално за регенерација и обновување па заради сето ова пролетта е погодна за чистење на организмот.

детоксикација

Ви предложуваме многу едноставен начин за детоксикација на вашиот организам, а тоа е преку внесување во организмот на следните видови храна:

Овошје – Консумирајте што повеќе овошје во било кој облик без разлика дали е свежо, суво, смрзнато или како сок, овошјето ќе ви овозможи виталност и енергија.

Вода – Пијте што повеќе вода,  водата е пресудна за нашето здравје, затоa што учествува во сите физиолошки процеси на организмот.  Водата е исто така и неизоставен дел од секоја диета за детоксикација. Пијте по 8-10 чаши вода секој  ден затоа што водата помага во елиминацијата на токсини од организмот го подобрува метаболизмот,  расположението и изгледот на кожата.

Зелен зеленчук – Посебно зелениот зеленчук како што е брокула, спанаќ и друго е богат со витамини и минерали, го подобрува имунитетот, го чисти организмот од токсини, но и покрај сето ова содржи многу малку калории.  Јадете се што ви е достапно во свежа состојба, динстано или готвено на пареа, во салата или во домашни зелени сокови.

Интегрални зрна и мешунки – Интегралните зрна и мешунките се одличен извор на антиоксиданси, витамини, минерали, протеини и диетали влакна. Вклучете во вашата исхрана кафеав ориз, интегрални тестенини,  различни видови на грав, леќа или наут.

Лимон – Лимонот е идеален за детоксикација затоа што помага во елиминирање на токсините од организмот. Започнете го денот со чаша топла вода во која ќе истиснете половина лимон. Веднаш ќе започнете да се чувствувате подобро а по некое време ќе забележите и подобрување на енергијата.

Важни нешта без кои не може да се изврши процесот на детоксикација

Одмарајте – Одморот е многу битен за регенерација на нашето тело. Легнувајте порано, во текот на детоксикацијата потребно ви е минимум 8 часа спиење.

Вежбајте – Пешачете,  правете вежби за дишење кои поволно влијаат на детоксикацијата на организмот, но многу е битно да избегнувате вежби кои премногу ќе ве изморуваат. Поминувајте повеќе време во природа, пешачете и дишете свеж воздух, кислородот е суштински елемент потребен за  живот, а свежиот воздух ја подобрува енергијата и виталноста.

Променете го начинот на исхрана – Наместо пржена и печена храна јадете што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук.

Пробајте готвење на пареа –  Кај овај начин на готвење во храната која ја припремате остануваат најповеќе витамини и минерали. Исто така правете домашни сокови од овошје и зеленчук.

Што треба да избегнувате за време на детоксикација

Во текот на чистењето на организмот избегнувајте кафе, алкохол и газирани напитоци. Ако не можете без цигари намалете ги во голема количина!
Избегнувајте преработена храна како што е: маргарин, рафинирано масло и бел шеќер. Исто така не треба да  јадете тешка, мрсна и пржена храна, како и да избегнувате стресни ситуации.

Сподели: