детоксикација 1

Детоксикација на организмот по празниците

Ако мислите дека во текот на празниците сте претерале со храна и пијалаци сигурно ќе ви биде неопходна детоксикација, а ние ви откриваме како може да ја направите на наједноставен начин. 

Многумина сметаат дека чистењето на организмот од токсините е процес на изгладнување, но ве уверуваме дека тоа не е така. Тоа е шанса да јадете здрава, непреработена храна, да уживате во природните намирници и на тој начин да го вратите телото во рамнотежа.

Детоксикацијата е многу здрав начин да го опоравите телото од тешката, мрсна и преслатка храна во која сте уживале за време на празниците и да се посветите на здравите, органски намирници кои ќе ви овозможат многу хранливи материи. Во текот на неделата доволно е еден или два дена да консумирате свежо овошје и зеленчук, да ги избегнувате јаглените хидрати, мастите, шеќерот, преработената храна и денот да го започнете со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон со малку мед.

Знаци кои покажуваат дека ви е неопходна детоксикација:

  • Имате голема желба за консумација на храна богата со шеќер, сол, скроб и производи од бело брашно.
  • Имате главоболки, болки во стомакот, чувствувате подуеност и имате гасови. Можно е имате проблем со дијареја или запек.
  • Често го менувате расположението, депресивни сте и нервозни, концентрацијата ви е лоша, а се чувствувате уморни и без енергија.
  • Кожата и косата ви се суви, а на лицето ви се појавиле акни.
  • Имунитетот ви е ослабен.
  • Тешко намалувате, а лесно добивате килограми.
детоксикација

Како да направите детоксикација на телото

Потрудете се во наредниот период да направите детоксикација кои ќе трае најмалку три дена. Применете ги следните правила и исклучете ги овие намирници од вашата исхрана:

  • бело брашно, бел шеќер, бел ориз и производи направени од овие намирници.
  • кујнска сол
  • транс масти и преработено масло од пченка и соја
  • месо кое нема органско потекло
  • зеленчук и овошје кои се третирани со хербициди и пестициди
  • адитиви и конзерванси
  • брза и храна која е приготвена со пржење
  • сокови кои содржат додаден шеќер
  • цигари и алкохол.

Правилната детоксикација може да има позитивни ефекти како намалување на килограмите, зголемени виталност и енергија, подобра циркулација, концентрација и подобра работа на срцето.

 

Ви предлагаме да прочитате и Детоксикација во 5 чекори.

Сподели: