Домашен зелник со тиква

Дали има нешто повкусно од домашно припремен зелник? Овој пат го направивме со фил од тиква кој идеално заблажува, нахранува и му дава посебно убава арома. Рецептот доаѓа директно од нашата кујна, па можеме да ви потврдиме дека многу ќе уживате во домашно припремениот зелник со тиква.

Домашен зелник со тиква

Состојки:

За тесто:

  • околу 500 грама брашно
  • 1 чаша млака вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 4 лажици масло
  • 2 мали лажички сол (по вкус)
  • 1/2 квасец
  • 250 гр путер (за замена може и маргарин).

За фил:

  • 2 шолји цедена варена тиква
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици шеќер по вкус
  • 50 мл млеко.

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставете го квасецот и додајте ја млаката вода, шеќерот и една лажица брашно, а потоа измешајте ја смесата и оставете ја да нарасне.
  2. Во садот со квасецот се додаваат брашното, водата, маслото и сол по вкус. Тестото добро се меси, а кога е убаво измесено треба да биде меко.
  3. Добро измесеното меко тесто се остава да стои 15-тина минути, а потоа се дели на два дела.
  4. Секој дел се расукува колку што може повеќе, во форма на квадрат, па се премачкува со путерот или маргарин кој пред да го нанесувате најдобро е да го чувате на собна температура. Намачканите кори не превиткајте ги исто како кога правите лиснато тесто, односно мрсниот дел да остане во внатрешноста.
  5. Така премачкани и убаво здиплени, парчињата се оставаат во замрзнувач да стојат околу 15 минути, по што се расукуваат. Расуканата кора треба да биде со форма слична на тавата, плехот или тепсијата во која ќе го печите зелникот.
  6. Поставете ја кората врз намсениот сад за печење, а врз неа ставете го филот од тиква. Филот се припрема многу лесно. Тиквата треба да е добро исцедена од вишокот на вода, а потоа и се додаваат останатите состојки и се меша.
  7. Одозгора ставете ја и втората кора, а за подобар изглед малку наберете ја. На неколку места ставете по малку путер и печете на температура од 200 степени. додека убаво порумени.
  8. Откако ќе се испече се попрскува со малку вода и се покриен со чиста крпа се остава да стои 5 до 10 минути, па може да се јаде.

На здравје!

Сподели: