Домашен интегрален леб

Постојат многу причини за да го замените белиот леб со интегрален! Затоа ви предлагаме едноставен рецепт за домашен интегрален леб кој ни го испрати Дамјан.

Многу од рецептите кои ги има на интернет за подготовка на интегрален леб, често пати содржат и бело брашно, па затоа потполно таквите лебови не би можеле да ги сметаме за здрава алтернатива. Сега може да си направите домашен интегрален леб и да бидете потполно сигурни дека јадете здрава храна која не содржи адитиви или конзерванси. Топло или ладно, ова лепче со ароматичен вкус и мирис е уживање за сите сетила.

интегрален леб

Состојки:

  • 1кг интегрално брашно
  • 1 коцка квасец
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • вода во потреба
  • 1 до 2 мали лажици сол
  • 1/2 мала лажичка шеќер.

Подготовка:

  1. Квасецот ставете го длабок сад за месење и додајте го шеќерот, една лажица брашно и 100 мл млака вода. Оставете го квасецот да нарасне.
  2. Во садот со нараснатиот квасец додајте ги брашното, прашокот за печиво, солта и постепено додавајте млака вода. Замесете меко тесто.
  3. Потоа од тестото направете форма на традиционален леб или формирајте го во зависност од калапот во кој сакате да го печете.
  4. Лебот ставете го во намрсен калап и оставете го за време од 20 до 30 минути да нарасне.
  5. Печете го во загреана рерна на 250 степени за време од 20 минути. Потоа, извадете го лебот од рерната и проверете дали е добро испечен. Тоа може да го направите на стариот народен начин со дрвено стапче – чепкалка и доколку не се налепи тесто на неа значи лебот е готов. Интегралниот леб е спремен за јадење, пријатен апетит!

Рецептот го испратил: Дамјан Димитриоски.

Ви предлагаме да прочитате: Домашни интегрални лепчиња.

Сподели: