Домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук 1

Домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук

Популарните залчиња „скоцкани“ во вид на клуб сендвич, кои обично може да се нарачаат во поголем број на мезе барови, сега може да ги направиме и дома. Сервирањето е многу занимливо и предизвикува интерес кај секој. Ова е дегустативно искуство кое треба да го доживееме сите!

Од обични лепчиња и намази за сендвичи, може да се направат омилени оброци. Едноставно и брзо е, а откако ќе ги направите преостанува само да го изберете омилениот филм и удобно да се сместите!

Домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук 2

Наведените состојки се по лице, а зависно од тоа за колку лица сакате да направите клуб сендвичи, соодветно зголемувајте ја. Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и несомнено е вкусен!

Состојки:

  • 3-4 тенки кришки леб со правоаголна форма
  • шунка по вкус
  • кашкавал по потреба
  • домат исечен на кругови
  • краставица исечена на кругови
  • листови зелена салата
  • малку путер или мајонез.

Подготовка:

  1. Лебот испечете го на тостер, па премачкајте го со малку путер или мајонез.
  2. На секое тостирано парче леб, ставете по еден круг шунка и кашкавал, а одозгора распоредете кругови домат, краставици и листови зелена салата.
  3. Така припремените парчиња наредете ги едно врз друго и на секој агол став ете по една подолга дрвена чепкалка/стапче. Сендвичите исечете ги по дијагоналите, така што ќе добиете 4 триаголници и секој од нив ќе биде прицврстен со стапче.
  4. Клуб сендвичите обично се служат со прилог од пржени компирчиња и малку кечап, но не пречи ако изберете и друга комбинација. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен клуб сендвич.

Сподели: